Играчот за врска на Хал Сити, Рајан Мејсон денес официјално го потврди заминувањето од професионалниот фудбал.
26-годишниот Мејсон не успеа комплетно да се опорави откако во 2017 година преживеа фрактура на черепот на натпреварот против Челзи.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во 2015 година Мејсон дури и дебитираше за англиската репрезентација, но повеќе нема да може да игра фудбал после судирот глава во глава со Геру Кејхил. Тој кариерата ја започна во Тотенхем, а во 2016 година премина во Хал за 13 милиони фунти.
„Можам да потврдам дека следејќи ги лекарските препораки, треба да се откажам од професионалното играње фудбал. Работев напорно за да можам да се вратам на терените, но за несреќа морам да се повлечам од фудбалот бидејќи тоа ми е единствена опција. Секогаш ќе му бидам благодарен на луѓето кои беа до мене во најтешките моменти“, истакна Мејсон.
?◾️ | It is with deep regret that the Club has to announce, following the head injury suffered on 22nd January 2017, @RyanMason is to retire from football with immediate effect ➡️ https://t.co/ccKiMlH6ZK pic.twitter.com/uNQ6mALO35
— Hull City (@HullCity) February 13, 2018