Дома Фудбал Италија Алегри и Јуве се разделуваат – познат неговиот наследник

Алегри и Јуве се разделуваат – познат неговиот наследник

Јувентус иако перфектно ја започна сезоната, пред неколку дена беше елиминиран од Купот, а синоќа испушти два гола предност против Парма на домашен терен.

Тоа веднаш го запали „алармот“ во Торино, па италијанските медиуми тврдат дека на лето ќе дојде до тренерска смена, без разлика каков ќе биде исходот на сезоната.

Ова е 5-та сезона на Алегри во Јувентус, па и тој самиот посакува нова авантура. Летото имаше понуда од Реал Мадрид, реши да остане, но на лето најверојатно ќе ја напушти „старата дама“.

Медиумите во Италија тврдат дека двете страни спогодбено ќе се разделат, а Јувентус веќе го нашол наследникот на Алегри.

Станува збор за Зинедин Зидан, играчка легенда на Јувентус, кој во моментов е без ангажман после трите освоени титули во Лигата на шампиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ламин Јамал го потресе фудбалскиот свет со изјавата за „Златната топка“

Ламин Јамал предизвика бројни реакции по неговата изјава за Златната топка која секоја год…