Дома Фудбал Италија „Ако Јувентус се приклучи на Суперлигата ќе биде исфрлен од Серија А“

„Ако Јувентус се приклучи на Суперлигата ќе биде исфрлен од Серија А“

Немирни води го зафатија Торино, пред се поради претседателот на Јувентус Андреа Ањели.

Откако пристигна на чело на Јувентус Ањели го направи еден од најмоќните клубови во светот со одлични приходи и голема заработка. Меѓутоа случувањата во последните година од кога Ањели стана еден од иницијаторите за формирање на Суперлигата придонесоа репутацијата помеѓу раководните лица да опадне.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Имено, Габриеле Гравина, претседателот на ФС Италија кристално јасно порача дека Јувентус ќе биде исфрлен од Серија А ако се приклучи на Суперлигата.

„Ако тој договор стане реален, Јувентус ќе биде исфрлен од италијанскиот шампионат. Суперлигата е погрешен одговор во однос на вистинските потреби. Италија мора да размислува како квалитетот на Серија А да стане подобар“, изјави Гравина.

Дека италијанскиот фудбал е во криза најдобро покажуваат резултатите на италијанските клубови во Лигата на шампионите каде што ниту еден италијански клуб не се избори за четвртфинале.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Исчезна внука на познат српски тренер, полицијата насекаде ја бараше пет дена

Внуката на поранешниот српски фудбалер и тренер Драгослав Степановиќ неодамна исчезна во Г…