Дома Фудбал Англија Агуеро и Гвардиола ги собраа наградите во Премиер лигата

Агуеро и Гвардиола ги собраа наградите во Премиер лигата

Голгетерот на Манчестер Сити, Серхио Агуеро ја доби наградата за играч на месец февруари во Премиер лигата.

Аргентинецот постигна седум гола на четири меча за „граѓаните“, притоа успеа да постигне два хет-трика.

Агуеро ја добива оваа награда по шести пат во кариерата, но прв пат оваа сезона. Напаѓачот има 18 гола од почетокот на сезоната и е прв на листата стрелци со еден гол повеќе до Мохамед Салах.

Наградата за најдобар менаџер за месец февруари очекувано замина во рацете на Пеп Гвардиола, кој ја победи конкуренцијата од Оле Гунер Солскјер и Унаи Емери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Mурињо за повлекувањето на Меси: Копа Америка и Мундијалот нема да бидат исти

Лионел Меси ја заврши својата репрезентативна кариера по повеќе од две децении, означувајќ…