Македонската џудистка, Арбреша Реџепи по само една рунда го заврши настапот на Олимписките игри во Токио.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Таа рано утрово по македонско време загуби со ипон од претставничката на Велика Британија, Жил Челзи, во категоријата до 52 килограми.
Вчера Борјан Бранковски заврши на 21. место во квалификациите во стрелаштво во дисциплината 10 метри воздушен пиштол со нов национален рекорд, а пливачот Филип Деркоски беше последен во квалификациите на трката на 400 метри слободно.
Реџепи е единствената наша спортистка во вториот ден на Олимписките игри.