Дома Фудбал Каква „бомба“: Роналдињо на 46 години се враќа на терен

Каква „бомба“: Роналдињо на 46 години се враќа на терен

Легендарниот бразилски фудбалер и поранешен добитник на „Златна топка“, Роналдињо, по над една деценија може да се врати на професионалниот фудбал. Според италијанскиот весник „Ла Газета дело Спорт“, овој некогашен ас на Барселона, Милан и репрезентацијата на Бразил постигнал договор за соработка со италијанскиот состав Равена, клуб кој се натпреварува во Серија C, третата лига на италијанскиот фудбал.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Роналдињо изјави дека го очекува со големо возбудување новото поглавје во кариерата, нагласувајќи дека фудбалот секогаш бил извор на радост за него, и дека има намера истиот дух да го внесе и во новата средина.

Официјалното претставување на славниот Бразилец како играч на Равена ќе се одржи на 23 јуни на настан во Мајами. Италијанските медиуми истакнуваат дека неговата улога во клубот нема да биде ограничена само на играчот, туку постои можност тој да стане и сoвладелец на клубот, благодарение на блиските односи со сопственикот на Равена, Ињацио Ќипријани.

„Присуството на Роналдињо претставува уникатен момент за нашиот клуб. Тој беше мој идол, а неговото влијание врз светскиот фудбал далеку го надминува она што го постигна на теренот“, изјави Ќипријани.

Се очекува Бразилецот да им се приклучи на своите нови соиграчи во летните подготовки во јули, додека Равена се насочува кон промоција во Серија B, откако таа цел им избегна минатата сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Да се знае кој е главен: Мурињо со првата одлука тројца „ги фрли на колена“, па одбра нови луѓе!

Нов тренер на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, реши да направи низа промени во составот, а компле…