Дома Фудбал Остана уште еден детал и Манчестер сити ќе го претстави новиот тренер!

Остана уште еден детал и Манчестер сити ќе го претстави новиот тренер!

Откако заврши сезоната Пеп Гвардиола престана да биде тренер на Манчестер сити. Раководството на овој клуб веќе некое време е во потрага по негов заменик, а според се, многу блиску се до конечно договарање со лицето кое ќе го наследи Шпанецот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според информациите од англиските медиуми, премиерлигашот е многу блиску до постигнување финансиски договор со Челси, што ќе им овозможи да го именуваат Енцо Мареска за нов тренер.

Челси бара обештетување од Манчестер сити за да го ослободи Мареска, бидејќи веруваат дека имаат докази дека Шпанецот го прекршил договорот на Стамфорд Бриџ.

Тие тврдат дека Мареска разговарал со ривалите од Премиер Лигата додека уште беше нивни тренер минатата сезона.

Мареска наводно го информирал Челси дека бил контактиран од Манчестер сити, а недолго потоа ја напуштил клупата на овој тим.

Челси пред две години платил девет милиони евра обештетување на Лестер за да го обезбеди ангажманот на Мареска.

Од Челси сметаат дека имаат доволно докази да го пријават Манчестер сити во Премиер Лигата поради нелегален пристап до Мареска.

Сепак, ако двата клуба постигнат договор, тие нема да го направат тоа и токму тоа се чека пред Мареска да стане новиот тренер на тимот од Етихад.

Челси разгледал поднесување посебна тужба против Мареска, но од тоа ќе се откажат ако постигнат договор со Сити.

Финансискиот договор вреден околу 12 милиони евра е она што во Челси го сметаат за фер исход.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Големото засилување на Вардар прослави роденден во Норчија

На подготовките во Норчија вардарци имаа причина и за мало славје, роденден прослави новот…