Дома Фудбал Италија „Ќе ти го пресечам гркланот“ – скандалозни закани на хрватски тренер во Серија А

„Ќе ти го пресечам гркланот“ – скандалозни закани на хрватски тренер во Серија А

Хрватскиот стратег на клупата на Торино, Иван Јуриќ испратил сериозни закани до својот колега на спротивната страна во ремито без голови во 27-то коло против Фиорентина.

Во текот на натпреварот Јуриќ влезе во вербален дуел со тренерот Винченцо Италијано и му се заканил дека „ќе му го пресече гркланот“. Поради таквиот коментар доби директен црвен картон, а се очекува санкцијата за него да биде потешка и веројатно неколку натпревари нема да може да седи на клупата на својот тим.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Јуриќ по мечот се извини и призна дека по натпреварот се прегрнале со Италијано.

„На натпреварите адреналиот е висок и понекогаш се расправаме за работи за кои нема потреба. Италијано е мој пријател и признавам дека претерав, барам да ми простите“, изјавил Јуриќ.

Инаку, Јуриќ е познат по скандалите во Серија А бидејќи претходно имаше и тепачка со директорот на Торино, Давид Вањани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ливерпул ќе потроши 100 милиони евра за двајца фудбалери на Барселона

Според објавата од „Fichajes“, Ливерпул е подготвен да ги потпише двајцата играчи на Барсе…