Дома Фудбал Лукаку го разочарал Конте: Не дојде ниту да се поздрави…

Лукаку го разочарал Конте: Не дојде ниту да се поздрави…

Тренерот на Наполи, Антонио Конте, изрази разочарување од однесувањето на неговиот фудбалер Ромелу Лукаку, кој не покажа иницијатива да се поздрави откако се врати во тренинг центарот по рехабилитацијата во Белгија.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Наполи извојува победа против Кременезе со 4:0 во Серија А, а Конте беше прашан по натпреварот дали имал прилика да разговара со Лукаку.

Лукаку имаше дозвола од клубот да се опоравува од повреда на тетивата во Белгија, но по враќањето во Италија, кога се појави во тренинг центарот, се сретна со директорите, но не и со тренерот.

„Знам дека еден од нашите директори зборуваше со него, тој дојде во тренинг центарот, а мојата канцеларија е токму таму… но никој не ја отвори вратата и тоа навистина ме разочара, бидејќи очекував барем поздрав или порака. Во вакви ситуации, тренерот се обидува да ги разбере сите, но никој не се труди да го разбере тренерот“, изјави Конте за италијанските медиуми.

Лукаку од август се бори со повреда и оваа сезона има настапено на само седум натпревари, последниот беше во март. Италијанските медиуми објавија дека Лукаку интензивно тренира за да покаже дека целосно се опоравил.

Неговиот договор истекува следното лето, а Лукаку се надева да ја спаси сезоната и да обезбеди место во репрезентацијата на Белгија за Светското првенство во САД, Канада и Мексико.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кејн оптимистичен: Имам големи шанси да ја освојам Златната топка и СП

Капитенот на фудбалската репрезентација на Англија, Хари Кејн, изјави дека претстојното Св…