Дома Фудбал Меси во чудо гледаше кон навивачите и слушаше што скандираат, а потоа реши да им одговори (Видео)

Меси во чудо гледаше кон навивачите и слушаше што скандираат, а потоа реши да им одговори (Видео)

Фудбалерите на Интер Мајами постигнаа победа од 2:0 против Портланд Тимберс на домашен терен. Двата гола на овој натпревар беа постигнати во првото полувреме.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Најпрво Лео Меси во 31. минута го постигна водечкиот гол за својот тим по асистенција на Сеговие.

Конечните 2:0 на овој натпревар ги постави Бертераме, и тоа по асистенција од Меси во 42. минута од натпреварот.

Ова беше прв натпревар на новиот стадион, а се слушаа викотници против играчите, што предизвика големо незадоволство.

Сето тоа се случи бидејќи навивачите „очекуваа повеќе“ од играчите по поразот од Орландо Сити.

Се надеваа на некој поздрав, знак на блискост како вид на признание за нив, но тоа не се случи.

Меси ги слушна скандирањата на навивачите и не остана нем на нив, реши да им одговори.

Најпрво ја подигна десната рака, а потоа ги стисна прстите и почна луто да гестикулира кон навивачите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хаос во Франција: Навивачите на Нант упаднаа на терен, легендарниот Ваха тргна кон нив (Видео)

Во последниот натпревар од француската Лига 1 помеѓу Нант и Тулуз се случи голем инцидент …