Дома Фудбал Газдата на Наполи има револуционерна идеја: Да се скратат натпреварите и да се укинат картоните!

Газдата на Наполи има револуционерна идеја: Да се скратат натпреварите и да се укинат картоните!

Аурелио Де Лаурентис никогаш не бил човек кој се труди да им се допадне на сите, но со текот на времето успеа да придобие многумина. Без разлика какво мислење имате за 76-годишниот сопственик на Наполи, не може да му се негира дека е уникатен и дека на клубот му донесе историски успеси.

Во еден обемен разговор за Њујорк Тајмс, тој повторно ги изнесе своите радикални идеи за модернизација на фудбалот, објаснувајќи зошто би го скратил времетраењето на полувремето на 25 минути, би укинал офсајд и картоните, и осврнувајќи се кон Антонио Конте како на дел од филмот „Full Metal Jacket“, а фудбалските менаџери ги споредува со „вампири кои ги цедат парите“.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


“Фудбалот ја губи помладата генерација. Натпреварите се предолги”, вели Де Лаурентис во интервјуто за Њујорк Тајмс, објаснувајќи дека денешните деца немаат концентрација за 90 минути.

“Замислете ги тие 15 минути пауза на полувремето! Дали верувате дека мојот шестгодишен внук, кој се знае за фудбал само од Плејстејшн, ќе се врати по 15 минути? Никогаш. Ќе избега. Ќе замине во собата да игра Фифа”, објасни тој сликовито.

Неговото решение е драстично. “Би ги скратил полувремената од 45 на 25 минути,” изјави тој, напоменувајќи дека би се мерело само времето во кое топката е во игра, со цел да се стави крај на губењето време и симулирањата.

“Не можеш да се валкаш по теренот како актер. Тоа не постои! Направи го тоа и те снема. Што друго би направил? Би ги укинал црвените и жолтите картони. Наместо тоа, за жолт би излегол пет минути, а за црвен дваесет минути.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шок за Меси и Интер Мајами, Масчерано замина

Тренерот на Интер Мајами Хавиер Масчерано изненадувачки поднесе оставка, соопшти официјалн…