Дома Останати Ракомет Одлична вест: Македонија од втор шешир ќе ги чека противниците на Мундијалот!

Одлична вест: Македонија од втор шешир ќе ги чека противниците на Мундијалот!

Ракометната репрезентација на Македонија обезбеди нов настап на голема сцена, откако со убедливи партии во баражот ја елиминираше Словачка и избори пласман на Светското првенство.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Мундијалот ќе се игра во Германија од 13 до 31 јануари следната година, а на турнирот ќе настапат вкупно 32 национални селекции.

Ждрепката за групната фаза е закажана за 10 јуни во Минхен, при што македонската репрезентација ќе биде дел од вториот шешир.

На шампионатот ќе има осум групи со по четири репрезентации, а Македонија во вториот шешир ќе биде заедно со селекциите на Франција, Словенија, Норвешка, Србија, Шпанија, Италија и Фарски Острови, што значи дека овие селекции не можат да бидат противници на „црвено-жолтите“ во групната фаза.

Во првиот шешир се наоѓаат Данска, Германија, Хрватска, Исланд, Португалија, Шведска, Египет и Аргентина.

Третиот шешир го сочинуваат Грција, Полска, Бразил, Бахреин, Тунис, Зеленортски Острови, Чиле и САД.

Во последниот шешир се сместени Катар, Кувајт, Јапонија, Алжир, Ангола и Уругвај, додека преостанатите две места ќе бидат пополнети со селекции кои ќе добијат вајлд-карти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Словачка доживеа потоп во Скопје, Македонија ќе игра уште еден Мундијал!

Maкедонската ракометна репрезентација не дозволи никакво изненадување и со уште поубедлива…