Манчестер Јунајтед летово потроши огромна сума пари на засилувања, а еден од фудбалерите од кои многу се очекуваше беше Џошуа Зиркзе.
Зиркзе разочара во досегашниот дел од сезоната, а и новиот тренер нема да смета сериозно на него. Поради тоа би можел да ја промени средината во јануари.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
И самиот фудбалер не е задоволен од престојот на „Олд Трафорд“ и сака да се врати во Италија, каде ја доживеа својата фудбалска афирмација.
Јувентус и Милан ја следат ситуацијата, а „бјанконерите“ се фаворити за неговиот потпис поради Тиаго Мота, кој има одличен однос со Холанѓанецот.