Дома Фудбал Јувентус го победи Интер за потпис на играч од 40 милиони!

Јувентус го победи Интер за потпис на играч од 40 милиони!

Во Италија првенството полека се приведува кон крај и остануваат уште неколку непознаници. Една од нив е дали Јувентус ќе го задржи 4. место до крајот на првенството и ќе се пласира во Лигата на шампионите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Интер е речиси сигурно шампион, а овие два клуба веќе започнаа со подготовки за трансфер периодот.

Интер мора да го подобри впечатокот по слабата сезона во Лигата на шампионите, Јувентус затоа што мора да се вклучи во борба за шампионската титула.

Овие два клуба се заинтересирани за ист играч.

Имено, медиумите во Италија пишуваа дека Интер ги започнал преговорите со Хоел Ордоњез, фудбалер на Клуб Бриж. Тој има одлична сезона во Белгија и има само 22 години што за стопер е “почеток” на кариерата.

Ордоњез е стандардно репрезентативец на Еквадор и ќе биде член на репрезентацијата на Светското првенство во САД, Мексико и Канада.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ВАР судијата од натпреварот Германија – Курасао се најде под истрага!

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) започна истрага против ВАР судијата за време на …