Дома Тикет на денот Јунајтед има пет трансфер цели, спремен да го сруши светскиот рекорд

Јунајтед има пет трансфер цели, спремен да го сруши светскиот рекорд

0

Англиските медиуми тврдат дека Солскјер нема да биде заменет дури и да доживее пораз од Ливерпул.

Имено, по состанокот на одборот на директори, Норвежанецот добил доверба да продолжи со започнатата работа, а плановите во трансфер периодот ќе продолжат во иста насока. Клубот е спремен да го подмлади тимот.

На кои засилувања работи Јунајтед?

Од британските играчи се Деклан Рајс од Вест Хем кој има договор до 2024. година, како и Џејдон Санчо од Дортмунд. Ќе се обидат да го доведат Манџукиќ оваа зима, но и да постигнат договор со Ериксен на лето. Имено, Данецот не сака шест месеци пред истекот на договорот да ја промени средината, финансиски подобро би поминал како слободен играч, би имал огромни бонуси, бидејќи пристигна без надомест.

Клучот на летниот трансфер период би требало да биде Кулибали, за тоа Јунајтед ќе мора да го сруши светскиот рекод поставен со купувањето на Мегвајер, а Сенегалецот според некои информации би чинел околу 150 милиони евра, односно толку бара Де Лаурентис за еден од најдобрите стопери во светот.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тикет на денот

Проверете

Прво победа над Израел во Скопје за најдобро трето место едни квалификации! (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Македонија вечерва го одигра последниот натпревар од квалификациите за…