Дома Фудбал Италија Јувентус спреми нов договор за Данило

Јувентус спреми нов договор за Данило

Раководството на Јувентус ќе му понуди нов договор на дефанзивецот Данило, пренесуваат италијанските медиуми.

Актуелниот договор на Бразилецот истекува во 2024 година, но во клубот се многу задоволни од неговите партии оваа сезона.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Спортмедиасет“ пренесува дека „бјанконерите“ спремиле нов договор и сакаат да го задржат до 2026 година.

30-годишниот Бразилец игра важна улога во тимот на Алегри бидејќи може да игра и како бек и како цетрален дефанзивец.

Бразилецот пристигна во Јувентус од Манчестер Сити во 2019 година како дел од трансферот на Жоао Кансело.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Исаксен: Со месеци размислував за Македонија, но сега сум среќен!

Данска славеше со 4-0 против Македонија на „Паркен“ во Копенхаген, а два гола ни постигна …