Дома Фудбал Италија Јувентус потврди: Одлуката за Дибала е донесена за корист на клубот

Јувентус потврди: Одлуката за Дибала е донесена за корист на клубот

Денес имаше средба помеѓу агентите на Пауло Дибала и раководството на Јувентус, после која стана јасно дека Аргентинецот заминува на крајот на сезоната.

Јувентус одлучи да не му понуди нов договор и Дибала на крајот на сезоната ќе замине како слободен агент.

Директорот на „бјанконерите“ Маурицио Аривабене изјави дека со доаѓањето на Влаховиќ се промениле плановите околу Дибала.

„Одлуката е донесена откако за неа размислувавме долго. Она што сакам да го порачам е дека менаџментот на Јувентус носи одлуки во корист на Јувентус, а не против клубот. Пристигнувањето на Влаховиќ значеше и промена на целиот проект на клубот, Пауло веќе не е централна фигура. Тоа делумно значеше и промени во однос на статусот на Дибала, па денеска не го продолживме договорот“, изјави директорот на Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Атлетико веќе пресече за Давид: подготвени се да платат 25 милиони евра

Шпанските медиуми тврдат дека Атлетико Мадрид е презадоволен од стартот на Џонатан Давид и…