Реал Мадрид неодамна го донесе 18-годишниот талентиран јапонски фудбалер Такефуша Кубо.
Младиот напаѓач кој го нарекуваат „јапонскиот Меси“ уште во 2011. година како дете пристигна во Барселона и играше за младинските категории на овој клуб, а во 2015. година мораше да го напушти каталонскиот клуб.
Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Иако Барселона тоа не го планираше, сепак мораше да го направи бидејќи Кубо стигнал во каталонскиот клуб нелегално и поради тоа е казнет и имаше забрана за трансфери.
Кубо после тоа замина во ФК Токио, а ова лето пристигна во Мадрид за 2 милиони евра.
Младиот Јапонец моментално се наоѓа на припреми со Реал за новата сезона, а на еден тренинг го покажа целиот талент кој го поседува.
На видеото кое се појави на интернет се гледа како Кубо во неколку наврати ги посрамоти големите ѕвезди на Реал, а најлошо помина голманот Кејлот Навас.