Дома Фудбал Еквадор оствари голем успех против Германија и ја помина групата

Еквадор оствари голем успех против Германија и ја помина групата

Еквадор ја победи Германија со 2:1 во натпревар од последното коло во групата „Е“ и се пласира во елиминациската фаза како еден од најдобрите трети тимови на Светското првенство.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Победата на јужноамериканците е заслужена, бидејќи тимот играше подобро и покажа волја, иако уште во втората минута се најде во резултатска негатива по спорен гол на Лерој Сане. Одговорот не доцнеше, бидејќи само седум минути подоцна играчот на Сандерленд, Нилсон Ангуло, изедначи. Во 77-мата минута Гонсало Плата го постигна скапоцениот втор гол за „триколорите“.

Еквадор ќе мора да почека додека не го дознае својот противник во следниот круг. Брег на Слонова Коска заврши втор по победата од 2:0 над Курасао во другиот натпревар, а Бундестимот е прв, што беше јасно уште пред почетокот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Онана нема да се врати во Манчестер Јунајтед

Андре Онана ќе продолжи да игра во Трабзонспор, откако турскиот клуб договори со Манчестер…