
За првпат во својата историја, Канада се пласираше во нокаут-фазата на Светското првенство, но овој успех носи со себе и необичен преседан.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Тимот предводен од Џеси Марш ќе биде првиот домаќин на Мундијалот, во 96-годишната традиција, кој ќе игра нокаут-натпревар надвор од својата држава.
Канада го заврши натпреварувањето во група Б на второ место, веднаш зад Швајцарија и пред Босна и Херцеговина благодарение на подобрата гол разлика. Во последното коло, загубија од Швајцарија со 2:1 во Ванкувер, што ги лиши од можноста да ја освојат групата и да го продолжат турнирот пред сопствените навивачи.
Наместо тоа, во шеснаесетфиналето, Канада ќе се соочи со Јужна Африка на стадионот „СоФи“ во Лос Анџелес. Ако завршеа први во групата, ќе го продолжеше натпреварувањето во Канада. Сега, иако се еден од домаќините на турнирот заедно со САД и Мексико, нивниот прв историски настап во нокаут-фазата ќе го одиграат на странско тло.