Дома Фудбал Останато Јамал објасни зошто не сака да го споредуваат со Меси

Јамал објасни зошто не сака да го споредуваат со Меси

Ламин Јамал кој на 13. јули ќе наполни 17 години и игра одлично на Европското првенство во дресот на Шпанија порача дека не сака да биде споредуван со Лионел Меси.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Јамал имаше добри настапи во дресот на Барселона во текот на сезоната, а таквата форма ја пренесе и во репрезентацијата.

Се пишуваше дека Барселона сака да му ја даде „десетката“, но Јамал наводно ја одбил бидејќи не сакал да си создава притисок со бројот кој во Барселона има голема тежин.

Сега пред новинарите порача дека не сака да го споредуваат со Меси.

„Не ме споредувајте со Меси, тој е најдобриот во историјата, неверојатно е тоа што ме ставате во иста реченица со таков фудбалер, со него никој не може да се спореди, а не пак јас кој само што ја започнав кариерата. Ако остварам половина од неговите успеси јас би бил задоволен“, изјави младиот Јамал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Навивачите не очекуваа вакво нешто, Гордон ги воодушеви уште на претставувањето!

Антони Гордон го официјализираше договорот со Барселона во петокот навечер. Зошто проблемо…