Дома Топ вести Ѕвездата на Реал е навивач на Барселона: Плачеше поради Барса

Ѕвездата на Реал е навивач на Барселона: Плачеше поради Барса

Ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор е навивач на Барселона, тврди бившиот скаут на Каталонците, Андре Кари.

21-годишниот Бразилец, кој игра фантастично во дресот на Реал Мадрид, беше пред трансфер на Камп Ноу, но „кралевите“ успеаа во последен момент да го „украдат“ пред носот на големиот ривал.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во 2017 година кога Винисиус имаше 17 години беше пред трансфер во Барселона, но во последен момент агентите на Бразилецот го продадоа во Реал Мадрид за 46 милиони евра.

Ова уште пред неколку месеци го откри споменатиот скаут Андре Кари, а сега откри интересни детали.

„Практично Винисиус беше играч на Барселона. Тој е голем навивач на клубот. Дури можам да откријам дека плачеше од радост при победата над ПСЖ од 6:1 (8 март 2017 год). Со неговите агенти бев добар пријател, но ме предадоа во последен момент и го продадоа во Реал“, открива скаутот.

Кари откри дека после пропаѓањето на трансферот на Винисиус тој и го предложил на Барселона Родриго, кој сега исто така е во Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Шок за Мората: Поради необичен проблем може да ја заврши кариерата?!

Фудбалерот на Атлетико Мадрид и шпански напаѓач, Алваро Мората веќе неколку дена не тренир…