Дома Фудбал Проблеми во Мадрид: Винисиус му се налути на Ѓулер затоа што му додавал само на Мбапе (Видео)

Проблеми во Мадрид: Винисиус му се налути на Ѓулер затоа што му додавал само на Мбапе (Видео)

Реал Мадрид успеа да го совлада Еспањол во второто коло на Примера со резултат 2:1, благодарение на доцнoтo погодување од Еспи, кое им обезбеди три бода на Кралевите.

На социјалните мрежи се појави интересен детал од натпреварот во Барселона, каде бразилскиот играч Винисиус беше во центарот на вниманието.

Напаѓачот неодамна го обнови договорот со Кралевите, а сега беше нервозен откако Арда Гулер не му ја додаде топката во една ситуација.

Турскиот фудбалер одлучи да го упати додавањето кон Мбапе, што не му се допадна на бразилскиот играч.

“Арда, Арда, барем еднаш дај ми ја топката, секогаш истото”, нервозно му рече Вини на својот соиграч.

Снимката од ситуацијата на натпреварот Еспањол – Реал Мадрид можете да ја видите во видеото прикачено во текстот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Голманот на Јувентус го комплетираше трансферот во Премиер лигата

Минатата сезона, српскиот голман Ѓорѓе Петровиќ имаше одлична сезона на голот на Борнмут в…