Дома Фудбал Роберт Просинечки доби отказ!

Роберт Просинечки доби отказ!

Роберт Просинечки повеќе не ја води фудбалската репрезентација на Киргистан. Киргискиот фудбалски сојуз објави дека соработката е прекината со заедничка согласност. “Киргискиот фудбалски сојуз му изразува благодарност на Роберт Просинечки за неговата работа, придонесот кон развојот на националната репрезентација и професионализмот”, велат од сојузот.

Според порталот Евразија Фудбал, до прекинот дошло бидејќи Киргискиот фудбалски сојуз сакал да направи измени во одредени точки и услови во договорот на Просинечки. Хрватскиот стручњак не се согласил на ова, па прекинот бил договорен.

Просинечки го презеде Киргистан во декември минатата година, но не учествуваше со тимот во ниту еден официјален натпревар. Водеше четири пријателски меча и постигна два нерешени исхода против Палестина, и порази од Екваторијална Гвинеја и Мадагаскар.

Киргистан е четвртото селекторско искуство за Просинечки. Претходно ги водеше Азербејџан, Босна и Херцеговина и Црна Гора. На клупско ниво, бил тренер на Црвена звезда, Кајсериспор, Денизлиспор, Олимпија Љубљана и Рудеш.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Потресно признание на млад фудбалер: „Таа беше љубовта на мојот живот, не сакам да продолжам со животот…“

Младиот фудбалер на Ајакс, Марк Веркајл, за прв пат јавно проговори за најголемата трагеди…