Дома Фудбал Потпишани се документите со кои Доминик Ливаковиќ го направи трансферот на животот!

Потпишани се документите со кои Доминик Ливаковиќ го направи трансферот на животот!

Хрватскиот голман Доминик Ливаковиќ е нов член на Барселона. Веќе се потпишани сите документи со кои 31-годишникот направи трансфер на животот, но сè уште останува да се реши ситуацијата каде ќе брани наредната сезона.

Фенербахче ќе инкасира два милиони евра веднаш за неговите услуги, како и дополнителни два милиони евра преку бонуси, но само ако се остварат.

Барселона веднаш ќе побара клуб за позајмица на хрватскиот голман. Планот е тој да дојде во клубот следното лето откако Војчех Шчесни ќе ја заврши кариерата и да биде резерва на Хоан Гарсија.

Ливаковиќ наскоро ќе биде претставен како нов играч на Барса, а останува да се види во кој клуб ќе биде испратен на едногодишна позајмица.

Јасно е дека тоа нема да биде Динамо, кој ја одби можноста да го доведе голманот на една година. Тие се насочија кон Доминик Котарски и тој наскоро ќе потпише.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо на шпанскиот новинар: Ако зборуваш лошо за мене, само внимавај (ВИДЕО)

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, порача дека пред враќањето на Сантијаго Бернабеу, не…