Дома Трансфер зона Ѕвездата на Барса: Три пати го одбив Реал Мадрид

Ѕвездата на Барса: Три пати го одбив Реал Мадрид

Феран Торес, кој во јануари пристигна во Барселона, откри дека три пати ги одбил понудите од Реал Мадрид.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


22-годишниот напаѓач е дете на Валенсија, се пресели во Манчестер Сити, а од пред неколку месеци игра за Барселона.

„Во минатото Реал ме сакаше. Испратија три понуди. Сепак, тогаш решивме дека поради различни причини не е вистинскиот момент да одам во тој клуб“, изјави Торес.

Шпанскиот репрезентативец прецизираше дека еден од овие случаи бил за време на Светското првенство во Русија во 2018 година.

„Само што стигнав до првиот тим на Валенсија и решив дека ќе играм повеќе доколку останам. Добро испадна што тогаш не заминав“, додаде тој.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…