Поради ширењето на коронавирусот откажани беа неколку тениски турнири, а за ситуацијата со коронавирусот се огласи и Новак Ѓоковиќ.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Ѓоковиќ побара од тенисерите да се вратат во Европа бидејќи не може да се одигра мастерсот во Мајами.
„Ги советувам сите играчи кои се во САД да се вратат во Европа. Не знам како ќе се игра во вакви услови. Не знам што ќе се случува и како би се играло тенис додека не се прогласи крај на пандемијата“, порача Ѓоковиќ.
Ќе потсетиме тениската асоцијација ги откажа сите машки турнири во наредните шест недели.