
Серхио Рамос и неговиот инвестициски фонд Five Eleven Capital постигнаа договор за купување на фудбалскиот клуб Севилја. Веста беше објавена од новинарот Виктор Фернандез по состанокот што се одржа во вторникот наутро.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Според достапните информации, вредноста на зделката за 80 проценти од акциите на клубот изнесува околу 450 милиони евра. Целта на Рамос е да го заврши целиот процес што е можно побрзо за да може да го преземе управувањето со клубот. Новинарот Фернандез уште во понеделникот вечерта известил за големиот оптимизам кај вклучените страни и најавил дека постигнувањето на конечниот договор е прашање на часови, што на крајот и се потврдило.
Информацијата за продажбата на клубот доаѓа во многу чувствителен момент за Севилја, која се бори за опстанок во првата лига. Во клубот сметаат дека сегашните 40 бодови не им гарантираат спас и дека им е потребна уште една победа за да го обезбедат местото во елитната лига.
Остануваат уште три кола до крајот, а ситуацијата на табелата е толку напната што седмата и осумнаесеттата екипа на лигата се оддалечени само девет бодови. Севилја ќе ја има првата можност за нов чекор кон опстанокот викендов против Вилјареал.