Дома Останати Тенис Еве што откажувањето на Алкараз од Ролан Гарос значи за Ѓоковиќ

Еве што откажувањето на Алкараз од Ролан Гарос значи за Ѓоковиќ

Во кратки црти – и не премногу, освен што жрепката на Ролан Гарос ќе биде „полесна“ за еден од најдобите двајца тенисери во светот.

Новак Ѓоковиќ е моментално четврти на АТП листата – ако го задржи ова место до Ролан Гарос, ќе биде трет носител, зад Јаник Синер и Александер Зверев.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Тоа би значело дека со Синер би можел повторно да се соочи во полуфиналето. Сепак, Ѓоковиќ сега има повеќе простор за да остане меѓу првите четири носители ако некој го помине до почетокот на Гарос. Тоа не е реално, но не е и невозможно.

Новак ќе изгуби 10 поени од Мадрид, малку подоцна и 250 од Женева, а минатата година не настапуваше во Рим.

Неговите најблиски конкуренти се Феликс Оже-Алијасим (со 610 поени помалку) и Бен Шелтон (со 640 поени помалку, плус веќе отпадна во Мадрид), и ним би им требало вистински блесок за да го надминат Новак.

За да игра со Синер уште во четвртфинале во Париз, би било потребно да го надминат уште двајца ривали.

Приоритет за Ѓоковиќ, пред сите пресметки и предвидувања, е да се опорави. Поради повреда не играше од турнирот во Индијан Велс, а негова учество во Рим е под знак прашање.

“Тренирам за да бидам подготвен за Рим. Не можам ништо да предвидувам, се зависи од тоа како ќе се развива состојбата со мојата повреда, но за Ролан Гарос ќе бидам подготвен”, рече Ѓоковиќ пред неколку дена.

Главната жрепка за Ролан Гарос започнува на 24 мај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Босански тенисер сакаше да се тепа со навивач среде натпревар (Видео)

Една несекојдневна ситуација се случи на натпреварот на Нермин Фатиќ, босанскиот тенисер к…