Дома Фудбал Манчестер сити го избра наследникот на Пеп Гвардиола?

Манчестер сити го избра наследникот на Пеп Гвардиола?

Италијанскиот тренер Енцо Мареска е единствениот кандидат за клупата на Манчестер Сити ако Пеп Гвардиола на крајот на сезоната реши да го напушти клубот, тврди експертот за трансфери Фабрицио Романо. Поранешниот тренер на Челси и Парма наводно го чека расплетот на ситуацијата на Етихад.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Мареска беше помошник на Гвардиола во сезоната 2022/23, кога Манчестер Сити освои историска тројна круна. Неговата врска со клубот е уште подлабока, со оглед на тоа дека во сезоната 2020/21 го водеше младинскиот тим на Сити. Иако договорот на Гвардиола со Сити важи уште една година, неговата иднина по летово останува неизвесна бидејќи Шпанецот може да одлучи да замине.

Мареска неодамна ја напушти клупата на Челси, со кој освои Лига на конференции и Светско клупско првенство. Стамфорд Бриџ го напушти на 1 јануари оваа година поради несогласувања со управата на клубот. Во своето последно интервју за Скај Спорт Италија, Мареска остана загонетен околу своите планови. „Важно е, без разлика на клубот, да бидеш подготвен. До крајот на сезоната останаа уште неколку недели, а потоа ќе видиме што ќе се случи“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид може да му позавиди: Флик направи чудо со Барселона

Ханси Флик продолжува да испишува успешна приказна со Барселона, откако каталонскиот тим п…