Дома Фудбал Легенда отворено кажа за Мурињо: “Не го сакам во Реал Мадрид”

Легенда отворено кажа за Мурињо: “Не го сакам во Реал Мадрид”

Икер Касиљас не го криеше своето мислење кога зборуваше за португалскиот експерт и потенцијалното враќање на Сантијаго Бернабеу.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


“Немам никаков проблем со Мурињо. За мене делува како врвен професионалец… но не го сакам во Реал Мадрид”, порача Касиљас.

Неговите зборови брзо одекнаа меѓу навивачите на кралскиот клуб и предизвикаа бројни реакции на социјалните мрежи.

Касиљас сепак се обиде да објасни дека неговиот став не е личен напад ниту пак има некаква омраза кон Мурињо.

Тој нагласи дека едноставно смета дека постојат тренери кои во моментов се подобро припремени за водство на Реал Мадрид.

“Мислам дека има други тренери кои се поразвиени да го водат клубот на мојот живот”, додаде поранешниот капитен на Реал.

Познато е дека односот помеѓу Касиљас и Мурињо во текот на заедничкиот период во Мадрид не беше секогаш идеален.

Тие двајца имаа неколку несогласувања кои тогаш ги полнеа насловниците на шпанските медиуми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шкендија доведе големо засилување, пристигна крило од Косово!

Шкендија го промовираше своето ново засилување за претстојната сезона, откако тетовскиот к…