
Поразот во Ел Класико беше јасен знак за Флорентино Перез да сега мора да започне со промени по уште една разочарувачка сезона на Реал Мадрид, и беше откриено што направил претседателот на Кралевите уште за време на натпреварот.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Реал Мадрид втора година по ред заврши без освоен трофеј што, со оглед на потрошените пари, е еднакво со катастрофа за еден од најголемите клубови во светот.
Оваа сезона дефинитивно е една од најтурбулентните во поновата историја на Реал Мадрид, и јасно е дека ова лето нè очекуваат големи промени во тој клуб.
Промените нема да се случат само во играчкиот кадар бидејќи се очекува првиот човек на клубот, Флорентино Перез, прво да го смени тренерот по трет пат во само една година.
Откако им врачи откази на Карло Анчелоти и Чаби Алонсо, веќе е јасно на сите дека истата судбина го очекува и Алваро Арбелоа, што најдобро го потврди потегот на Перез уште за време на неделната пресметка со Барселона.
Веќе одамна беше јасно дека Арбелоа нема да остане на клупата на Реал следната сезона бидејќи не ги оправда очекувањата, и Перез за време на мечот со Барселона и неговиот клуб одлучи да направи клучен потег.
Шпанските медиуми наведуваат дека претседателот на Кралевите уште за време на натпреварот стапил во контакт со Жозе Мурињо за да постигне конечен договор со португалскиот тренер кој по 13 години ќе се врати во клубот.