Дома Фудбал Готово: Мурињо е нов тренер на Реал Мадрид!

Готово: Мурињо е нов тренер на Реал Мадрид!

Легендарниот тренер Жозе Мурињо од следната сезона повторно ќе биде кормилар на Реал Мадрид.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Оваа вест ја објави познатиот спортски новинар Саша Таволери, кој објави дека Мурињо успеал да се договори со „кралскиот клуб“ за кој ќе биде тренер по пауза од 13 години.

Мурињо моментално ја води Бенфика од Лисабон и најави дека ќе соопшти каде ќе ја продолжи кариерата на почетокот од следната недела, но Таволери тврди дека се е завршено.

Португалецот на клупата на Реал ќе го замени привременото решение Алваро Арбелоа, кој не постигна значајни успеси откако Чаби Алонсо ја напушти клупата на најтрофејниот клуб на светот.

Според гласините, Мурињо веќе разговарал со првата ѕвезда на Реал, Килијан Мбапе, надевајќи се дека ќе успее да го убеди да се приклучи пред неговото враќање во Мадрид.

Да потсетиме, Мурињо претходно беше тренер на Реал од 2010 до 2013 година, во кое време ја освои Ла Лига, Купот на кралот и Суперкупот на Шпанија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Официјално: Бернардо Силва е нов фудбалер на Реал Мадрид!

Реал Мадрид го објави потпишувањето на Бернардо Силва, кој се приклучува на клубот со дого…