Дома Фудбал Пеп ја зема „метлата“: Осуммина на излезните врати на Манчестер сити!

Пеп ја зема „метлата“: Осуммина на излезните врати на Манчестер сити!

Голем е бројот на фудбалери кои ќе го напуштат Манчестер сити на крајот на оваа сезона.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Се поставува прашањето за Пеп Гвардиола, но не како што се поставуваше во претходните сезони. Тој самиот рече дека најверојатно ќе остане и наредната сезона сè до истекот на неговиот договор во 2027 година.

Кој заминува?

Бернардо Силва и Џон Стоунс веќе го најавија заминувањето, нивните договори истекуваат на крајот од сезоната, а дефинитивно нема да се врати ни Аканџи кој останува во Интер за 15 милиони евра, колку што изнесуваше откупната клаузула.

По овие тројца, следен кој е веројатно за заминување е Џејмс Трафорд, голман кој е резерва на Донарума и кој заслужува да брани, до некаде се чувствува и измамен поради доаѓањето на голманот од Пари Сен Жермен. Астон Вила, Њукасл и Тотенхем се заинтересирани.

Натан Аке е следниот, тој има договор до 2027 година, но Сити ќе бара начин да го продаде и Барселона е еден од заинтересираните клубови.

Отворени се и вратите за Матео Ковачиќ, тој е слободен да бара нов клуб бидејќи е подложен на повреди и Манчестер сити ќе го продаде, а истата е приказната со Рејндерс, се бара нов играч на иста позиција и речиси сигурно ќе дојде до нова продажба.

Калвин Филипс е играч кој не го сакаат на „Етихад“, многумина ќе кажат дека е едно од најслабите засилувања во оваа нова ера на клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер сити го избра наследникот на Пеп Гвардиола?

Италијанскиот тренер Енцо Мареска е единствениот кандидат за клупата на Манчестер Сити ако…