Дома Фудбал Вo Ливерпул сериозно размислуваат и за Боуен

Вo Ливерпул сериозно размислуваат и за Боуен

Името на Џаред Боуен е меѓу оние што управата на Ливерпул сериозно ги разгледува како можни замени за Мохамед Салах, тврди „Дејли Мејл“. 29-годишниот англиски репрезентативец речиси сигурно ќе го напушти Вест Хем, а ако „чеканите“ испаднат, тоа ќе го олесни целиот процес.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Боуен, кој има 84 голови во 278 натпревари за Вест Хем, има договор до 2030 година, што ќе им овозможи на Лондонците да бараат посериозна трансферна сума. Според изворот, „чеканите“ се подготвени да се разделат од него за отприлика 60 милиони фунти.

„Дејли Мејл“ додава дека Њукасл и Евертон исто така покажуваат интерес за англискиот репрезентативец, кој минал шест и пол години во Вест Хем. „Свраките“ го гледаат на него како можен заменик на Ентони Гордон, кој многу веројатно ќе биде продаден во наредното лето. Дејвид Мојс, менаџер на Вест Хем во 2020 година, кога „чеканите“ го доведоа Боуен од Хал Сити за 22 милиони фунти, добро ги познава неговите квалитети.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал подготвен да го жртвува капитенот за три силни причини! Дали замената е веќе позната?

Еден од капитените на Реал Мадрид, Федерико Валверде, навистина би можел да биде „жртвуван…