Дома Фудбал По она што се случи вечерва, Реал и Барса стануваат вечни непријатели!

По она што се случи вечерва, Реал и Барса стануваат вечни непријатели!

Првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез, денеска пред очите на целиот свет ја обвини Барселона за купување на судии. Беше многу остар кон најголемиот ривал.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


“Случајот Негреира е најголем скандал во фудбалската историја. Не можам да верувам дека уште не е решен. Судиите од тој случај се сè уште активни, сè уште судат. Ова нема смисла. Barcelona плаќа судии веќе две децении и сите тие судии се сè уште активни,” порача тој, истакнувајќи дека случајот лично ќе го носи пред УЕФА за да добие казна Барса.

Откако го слушнаа сето тоа што кажа, каталонскиот великан се огласи со кратко соопштение. Пораката е дека Perez веројатно ќе го чека тужба за клевета.

“Правниот оддел на Barcelona внимателно ги испитува Perez-овите изјави и обвинувања. Тие изјави се анализираат и се проценуваат следните чекори кои ќе се преземат. Кога тоа ќе биде соодветно, сите ќе бидат уредно известени за ставовите и одлуките кои ќе бидат донесени,” соопштија од Барселона

Апсолутно е јасно дека по денешниот настап на Флорентино Перез, мир меѓу големите ривали нема да има долго време – барем додека 79-годишникот е на чело на кралскиот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Несекојдневен потег по испаѓањето од Светското првенство: Претседателот на државата нареди итна истрага!

За некого Светското првенство испишува прекрасни, историски приказни, но не секој има таа …