Тимот на Шкупи не ги пушти Реџиналдо и Абдул Рватубјаје да играат за своите репрезентации.
Реџиналдо доби повик од Мозамик, а Рватубјаје од Руанда, но Шкупи поради ситуацијата со коронавирусот и дозволата од ФИФА клубовите да одлучуваат се реши да ги задржи во тимот.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Ако двајцата фудбалери отпатуваа да играат за своите селекции тие ќе мораа да поминат во 15-дневен карантин. Во овој момент кај нас на сила е мерка карантин од 15 дена за сите кои доаѓаато од африканските земји.
Единствен кој ќе има репрезентативни обврски во Шкупи е Јакуп Бериша кој ќе биде во селекцијата на Благоја Милевски до 21 година која ќе има тренинг-камп во Турција на кој ќе одигра три натпревари.
Фото: ФК Шкупи