Дома Фудбал Иранците не смееле да останат во САД ниту една ноќ, веднаш им било наредено да заминат!

Иранците не смееле да останат во САД ниту една ноќ, веднаш им било наредено да заминат!

Иранскиот селектор Амир Галенои изјави дека неговата репрезентација само неколку часа по нерешениот натпревар 2:2 со Нов Зеланд во Инглвуд морала веднаш да го напушти САД и да се врати во кампот во мексиканска Тихуана.

Галенои не прецизираше кој ја донел таквата одлука, но рече дека тимот очекуваше да остане во Калифорнија за да ги поминат стандардните процедури за опоравување по првиот натпревар на турнирот. Наместо тоа, по натпреварот им било соопштено дека веднаш мораат да се качат на лет за Тихуана во Мексико.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


“Не ни оставија ни време да се одмориме. По натпреварот денес ни рекоа: ‘Морате веднаш да си заминете.’ Важно ни е да имаме време за опоравување, но не натераа да се вратиме во нашиот камп во Тихуана што навистина нè загрижува”, изјави селекторот на Иран.

Иранската репрезентација минува низ бурен период од 28 февруари, откако САД и Израел започнаа војна против Иран. На крајот Техеран одлучи да учествува на Светското Првенство иако ФИФА го отфрли барањето три од групните натпревари да се префрлат надвор од САД.

Капитенот Мехди Тареми изјави дека тимот и пред да дојдат на натпреварот поминале пет часа во патување и безбедносни проверки на краткото растојание меѓу Тихуана и поширокиот регион на Лос Анџелес.

Тареми и Галенои се пожалија и на недостигот на важни членови од делегацијата, меѓу кои претседателот на иранскиот сојуз, дел од тренерскиот штаб и медиумските службеници, на кои САД не им издале визи.

“Мислам дека ФИФА треба да ни помогне повеќе… За нас, сè е навистина како катастрофа”, рече Тареми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Поранешен репрезентативец на Македонија е нов тренер на Шкендија

Вицешампионот на Македонија, Шкендија, го објави името на новиот тренер кој ќе го предводи…