Дома Македонски спорт Мак фудбал Шкендија: За доброто на фудбалот бараме одложување на Изборното собрание во ФФМ

Шкендија: За доброто на фудбалот бараме одложување на Изборното собрание во ФФМ

Главниот фаворит за титулата во македонското првенство ФК Шкендија преку соопштение до јавноста искажа незадоволство од начинот на кој се одржуваат општинските изборни собрание.

Со соопштението од Шкендија најавија дека нема да го поддржат претстојното собрание на ОФС Тетово кое е закажано за два дена.

За Шкендија е неприфатливо со толкави вложувања да има само тројца делегати во ОФС. Освен тоа тие побараа одложување на Изборното собрание на ФФМ.

„Земајќи ги предвид најновите случувања во врска со изборните собранија за организациско претставување на фудбалот како на локално ниво (Општинска фудбалска лига Тетово), така и на централно ниво (Фудбалска федерација на Македонија), фудбалскиот клуб Шкендија го објавува дека воопшто нема да учествува во овој процес. Во оваа формата во која веќе започна и продолжува, и со тоа нема да ја прифати валидноста на овие избори организирани во овој недемократски и неразвиен формат за фудбал, за следните четири години од мандатот на овие избори.

На 18 овој месец ќе се одржи Изборно собрание во Тетово, а тековниот статут предвидува Шкендија да има само тројца делегати, од вкупно 30 или 40. Поточно, толку делегати имаат и клубовите кои се натпреваруваат во пониските лиги. Исто така, нашата проценка е дека целиот овој процес, меѓу кој е и Изборното собрание во ФФМ, нема да овозможи право на достојно претставување на ФК Шкендија (но и на други заслужни клубови од земјата), во најважните нивоа на фудбалска организација во ФФМ, што е долго време во практиките од минатото, на штета на развојот на фудбалот. Затоа нема да испратиме делегати на претстојното собрание на ОФС Тетово, а за доброто на фудбалот бараме и одложување на Изборното собрание во ФФМ за следната година“, стои во соопштението објавено на клупскиот сајт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Големо интервју на Перез – детално ја објаснува идејата за Суперлигата!

Во претходните денови се крена многу прашина откако 12 клубови се решија да формираат ново…