Дома Фудбал Останато Челзи никако не можел да биде дел од Суперлигата, Путин го притиснал Абрамович

Челзи никако не можел да биде дел од Суперлигата, Путин го притиснал Абрамович

Денес во медиумите е актуелна приказната како пропаднала Суперлигата, односно дека се започнало на прославата на Лапорта за победата на изборите во Барселона. Тогаш Лапорта во еуфоерија таа информација ја кажал на Хавиер Тебас (претседателот на Ла Лига) – повеќе за ова тука.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сега е објавено како во Челзи била донесена конечната одлука да се повлечат, клучна улога одиграл изгледа Владимир Путин.

Според информациите на голем број медиумите Путин го побарал сопственикот на Челзи Роман Абрамович и го притиснал Челзи да се откаже од проектот затоа што рускиот „Газпром“ е еден од главните спонзори на Лигата на шампионите. „Газпром“ е во сопственост на газдата на Зенит, Зенит доаѓа од Санк Петерзбург, град во кој ќе се игра финалето на Лигата на шампионите во 2022 година, а и одредени натпревари од Европското првенство ова лето.

Русија претходно го организираше Светското првенство во 2018 година, па Путин сакал неговата земја да остане во добри односи со ФИФА и УЕФА и поради тоа ги притиснал Абрамович да излезе од тој проект.

Ќе потсетиме, Челзи заедно со Манчестер Сити беа првите клубови кои објавија откажување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Канада не попушти: Парти не може да влезе во земјата!

Канадскиот суд ја отфрли жалба од Фудбалскиот сојуз на Гана и потврди дека Томас Парти нем…