Дома Македонски спорт Хет-трик на Нестор за 14 минути против нисколигаш

Хет-трик на Нестор за 14 минути против нисколигаш

Репрезентативецот на Македонија, Илија Несторовски во вистинско време ја враќа голгетерската форма, на три недели пред баражот во квалификациите за ЕП против Косово.

Бидејќи во Италија се одложуваат натпревари поради епидемијата на коронавирусот, Удинезе денес одигра пријателски натпревар со нисколигашот Кјарлинс Музане. Удинезе овој натпревар го доби со 13:1.

Несторовски на оваа средба успеа да постигне хет-трик за 14 минути погодувајќи во 62. , 72. и 76. минута.

Од останатите играчи пет постигна Полјакот Лукаш Теодоричик, четири Аргентинецот Де Паул и еден Бразилецот Валас Соуза.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Летото кога Ливерпул дојде во Скопје, а Работнички на Стратев истрча на „Енфилд“ (ВИДЕО)

На 29.јули 2010 година Работнички имаше прилика да игра против еден од најголемите светски…