Дома Македонски спорт Фудбалерите со стил заминаа за Букурешт, Сејдини им посака среќа 📸

Фудбалерите со стил заминаа за Букурешт, Сејдини им посака среќа 📸

Денес македонската фудбалска репрезентација заминува за Букурешт каде што ја чекаат двата натпревари на Европското првенство.

Она што во овој момент е најважно што сите тестови пред тргнувањето биле негативни, па селекторот Ангеловски нема да има такви проблеми пред почетокот.

Ќе потсетиме, за патот со репрезентативците „висеше“ Енис Барди, но во саботата ги добивме вестите кои толку ги чекаше македонската спортска јавност – Барди доби негативен ПЦР тест и им се приклучи на соиграчите.

Пред заминувањето претседателот на федерацијата Муамед Сејдини им посака среќа на фудбалерите.

Првиот натпревар Македонија го игра на 13. јуни против селекцијата на Австрија, на 17. играме со Украина исто така во Букурешт, па потоа на 21. јуни со Холандија во Амстердам.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Клоп сака ред и дисциплина, еве што забранил уште од првиот ден!

Познатиот стручњак Јирген Клоп вчера го одржа својот прв тренинг на чело на германската ре…