Македонија вчера приреди вистинска сензација победувајќи ја Италија на гости во Палермо, победа со која обезбедивме финален бараж за Светското првенство во Катар.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Оваа победа е и одличен почеток на македонскиот голмански ветеран Томе Пачовски на новата функција. Како што е познато Пачовски од почетокот на овој месец беше назначен за нов тренер на голманите во македонската репрезентација.
Голманската тројка на Македонија вчера ја сочинуваа: Столе Димитриевски, Дамјан Шишковски и Кристијан Наумовски.
Вреди да се обележи овој убав почеток на Пачовски со неговата тројка…
Фото: Димитар Петковски.