
Фудбалот често нè изненадува со своите неверојатни приказни, а еден таков пример е Возиња, голманот на Зеленортските Острови. Овој ветеран на почетокот на петтата деценија од својот живот стана глобален феномен. Сега клубови од целиот свет сакаат да го доведат во своите редови Голманот пленеше со својата талентираност кога го сопре моќниот репрезентативен тим на Шпанија, европски шампион, во првото коло, на изненадување на многумина.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Тој продолжи да импресионира и понатаму, а во нокаут фазата се соочи и со светските шампиони од Аргентина, каде што бранеше како никогаш досега.
По завршувањето на неговата мундијалска приказна, Возиња се враќа во реалноста – без клуб под договор. Неговиот договор со португалскиот второлигаш Чавес истече, и тој сега е слободен за нови предизвици во кариерата.
Иако се очекуваше дека ќе привлече внимание од силни европски клубови, засега има само две понуди од бразилски екипи. Атлетико Гоианенсе и Аваи го сакаат во своите редови, земја во која никогаш досега нема играно.
Се зборува и за тоа дека Возиња и актуелно има договори за рекламирање во Бразил, а клубовите го посакуваат и поради неговата популарност на социјалните мрежи. Неговата база на следбеници надмина 25 милиони, иако на првенството влезе со само 40.000.
Двете екипи се дел од втората лига во Бразил, и останува да се види дали привлечниот голман ќе се задоволи со нивните понуди по неговите херојски настапи на Светското првенство. Без сомнение се надеваше на подобра понуда во Европа, но како слободен играч, секогаш постои шанса за изненадување.