Дома Фудбал Мурињо го избра и клучното засилување од 60 милиони

Мурињо го избра и клучното засилување од 60 милиони

Реал Мадрид не застанува, а Жозе Мурињо даде зелено светло за трансфер на Алесандро Бастони.

Не е тајна дека Португалецот сакаше уште еден стопер, откако Дејвид Алаба си замина како слободен играч и бидејќи Раул Асенсио ќе биде на трансфер листа.

И покрај тоа што пристигна Ибрахима Конате како слободен играч, Мурињо го посакува и Бастони, за да ја зголеми конкуренцијата на Дино Хаусен, Едер Милитао и Антонио Ридигер.

Италијанот треба да ја комплетира последната линија, во која како бекови пристигнаа – Дензел Демфриз и Марк Кукурелја, и сега одбраната на Реал Мадрид навистина изгледа по вкусот на Жозе Мурињо.

На ова треба да се додаде дека Бернардо Силва пристигна за да ја засили конкуренцијата во средниот ред, и сега останува распродажба на играчи кои не се во плановите.

Со спомнатиот Раул Асенсио, се очекува да заминат и Фран Гарсија, Дани Себаљос, а можеби и Орелиен Чуамени и Едуардо Камавинга доколку се добијат вистински понуди.

Не треба да се заборави дека Ендрик се врати од позајмица од Лион, дека созреа во Лига 1, и дека сега доби шанса и на Светското првенство и Мурињо ќе го користи по потреба и како десно крило.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Зидан го пофали Лукас Да Куња за играта во средината на теренот

Зинедин Зидан изрази задоволство од настапите на Лукас Да Куња за Франција во Лигата на на…