Дома Фудбал Французите во проблеми пред Парагвај – вечерва ќе бидат без важен фудбалер!

Французите во проблеми пред Парагвај – вечерва ќе бидат без важен фудбалер!

Репрезентацијата на Франција делува фантастично досега на Светското првенство и за многу луѓе е главниот фаворит за освојување на „златната божица“.

Селекторот Дидије Дешан има „слатки маки“ при изборот на играчи, но во вечерашниот натпревар од осмина-финалето против Парагвај, кој започнува во 23 часот по наше време, неговиот избор ќе биде ограничен.

Натпреварот ќе го пропушти стандардниот играч од средниот ред Орелјан Чуамени од Реал Мадрид поради болки во бутниот мускул.

На местото на Чуамени, на теренот ќе биде Мануа Коне од Рома и ќе го формираат парот од средниот ред со Адриен Рабио.

Очекувано е Чуамени да се врати во тимот веќе за четвртфиналето. Се разбира, ако „триколорите“ стигнат до таму.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Паладино го надмудри Милан: Влегувањето на Модриќ ни отвори простор за пресврт

Болоња со 4:2 го освои „Сан Сиро“, а Рафаеле Паладино објасни зошто промените во играта на…