Дома Фудбал Вардар пред натпреварот со Купс остана без двајца фудбалери

Вардар пред натпреварот со Купс остана без двајца фудбалери

На само два дена пред првиот дуел со Купс во воведното квалификациско коло од Лигата на шампионите, Вардар остана без двајца фудбалери, а не е исклучено наскоро да се раздели и со уште еден.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Клубот го испрати Мануел Куестас на едногодишна позајмица во црногорскиот прволигаш Језеро, каде што тој уште денес ќе им се приклучи на подготовките за новата сезона.

Привремено нов клуб доби и Или Зибери, кој во следната натпреварувачка сезона ќе настапува како позајмен играч во редовите на Тетекс.

Покрај овие две заминувања, можно е Вардар да остане и без Ибрахим Оласебикан. За неговите услуги интерес покажуваат прволигашите Скопје и Арсими, па во наредните денови се очекува да биде донесена одлука и за неговата иднина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дешам го брани Мбапе: Вие го направивте диктатор!

Селекторот на француската репрезентација го заштити својот најголем ѕвезда и објасни зошто…