
Фудбалерите на Англија и Мексико ќе играат во понеделник во два часот по средноевропско време на стадионот „Астека“ во Мексико Сити на мечот во осминафиналето на Светското првенство.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Фудбалерите на Англија пристигнаа во Мексико Сити, а британските медиуми известуваат дека избраниците на Томас Тухел биле дочекани со непријатна атмосфера. Голем број домашни навивачи се собрале пред хотелот во моментот кога пристигнал автобусот со англиските фудбалери, наведува Би-Би-Си. Додека едни скандирале „Мексико“, други со свирки ја дочекале репрезентацијата на Англија.
Поради можни инциденти, воведени се зголемени безбедносни мерки. Влезот во хотелот го обезбедувале припадници на Националната гарда на Мексико, додека полицијата опремена за разбивање на нереди била распоредена околу објектот.
Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) сакала локацијата на сместување да остане тајна, но постоело стравување дека информацијата ќе излезе во јавноста. Дополнителна причина за претпазливост бил случајот со репрезентацијата на Еквадор, чиј играчи пред мечот во шеснаесетинафиналето СП со Мексико се жалеле на Меѓународната фудбалска федерација (FIFA) поради врева пред хотелот. Навивачите на Мексико користеле сирени, звучници и мотори за да го нарушат одморот на екипата на Еквадор. Мексико на крајот славело со 2:0.