
Централниот дефанзивец на Аргентина Лисандро Мартинес призна дека имал мисли за откажување од фудбалот поради тешката повреда која го оддалечи од играње речиси цела 2025 година.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Кога ќе се сетам на сè низ што поминав поради мојата повреда, ми доаѓа да плачам. Размислував да се откажам од фудбалот откако ги скинав крстните врски минатата година. Едноставно не сакав повеќе да страдам. Навистина бев на дното, но токму тогаш се роди ќерката ми и тоа на некој начин ми донесе рамнотежа во сè. Видов како сопругата ми роди, вложувајќи огромни напори, и тогаш си реков: „Како да не продолжам да се борам“, сподели Мартинес за TyC Sports.
Бекот на Манчестер Јунајтед исто така се изрази со пофалби за Лионел Меси по успехот од 3:2 над Кабо Верде по продолженијата во 1/16 финалето на Мундијал 2026. Тој на брилијантен начин асистираше на капитенот на тимот за првиот гол во натпреварот.