Дома Останати Тенис Ивановски ќе игра за титула на турнирот во Скопје

Ивановски ќе игра за титула на турнирот во Скопје

Македонскиот тенисер Калин Ивановски обезбеди место во финалето на турнирот во Скопје, откако по голема борба го совлада Бугаринот Јанаки Милев со 2-1 во сетови (6-4, 2-6, 7-5).

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ивановски го освои првиот сет со брејк во завршницата, додека Милев возврати убедливо во вториот и го израмни резултатот. Решавачкиот трет сет донесе неизвесност до самиот крај, а македонскиот тенисер ги спаси двете меч-топки на противникот, потоа направи брејк и со сигурен сервис го завери триумфот.

Во финалето, Ивановски ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Владислав Орлов и Стефан Поповиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ по тричасовна борба се избори за осминафинале на Вимблдон!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ обезбеди пласман во осминафиналето на Вимблдон, победувајќи…